Британци заминале во Шведска на службен пат. Убиени се и запалени?


Британците Хуан Цифуентес (33) и Фарук Абдулразак (37) отпатувале за Данска и Шведска во саботата на кратко службено патување и требало да се вратат во Велика Британија во 18 часот во неделата, рекле нивните семејства во апелот на социјалните мрежи во кој се моли за помош и се бараат информации за тоа каде се движеле. Двојката е од северен Лондон и се вели дека работеле за туристичка компанија.

Семејството стравува дека и двајцата се убиени. Според Скај њуз, во неделата попладне биле пронајдени две тела во запален автомобил во индустриската зона на Малме.

Пожарникарите ги откриле телата по гаснењето на пожарот, а според локалните медиуми, една од жртвите била застрелана. Полицијата сѐ уште официјално не ги идентификувала, но според неофицијалните информации кои ги пренесуваат медиумите, жртвите биле Британци кои исчезнале и биле застрелани пред да бидат запалени.

Тојота Рав 4, кој бил запален, бил изнајмен на аеродромот во Копенхаген откако двајцата Британци долетале од Хитроу, објави шведски Афтонбладет.

Надзорните снимки покажаа дека три лица биле во автомобилот кога преминал преку мостот Оресунд во Шведска, објави друг шведски весник „Сидсвенскан“. Истрагата за случајот е во тек.