Брисел го поздрави усвојувањето на Законот за јавно обвинителство


Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеф Борел вечерва изјави дека усвојувањето на Законот за јавно обвинителство е важен чекор во имплементацијата на реформите во нашата земја, јави МИА. Борел посочи дека Македонија има волја да направи се што е потребно за да има европска перспектива.

Оваа изјава на Борел дојде за време на неформалната вечера на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со лидерите од Европската Унија и од Западен Балкан. Состанокот е посветен на стратешката расправа за заедничките цели на ЕУ и на регионот. На вечерата присуствуваат и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседавачот со ЕУ, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Фон дер Лајен нагласи дека Западен Балкан е поблиску до ЕУ и се надева оти Севрна Македонија и Албанија може да почнат преговори пред самитот во Загреб во мај.

Овие оптимистички најави ги дели и Пленковиќ кој истакна дека „атмосферата е поинаква во однос на октомври минатата година и се движи кон донесување позитивни одлуки за датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија“.