Бретон: При евентуален втор бран на Ковид-19 нема да се затвораат европските држави


Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон денеска изјави дека европските држави се стекнаа со доволно искуство во борбата против новиот корона вирус и затоа при евентуален втор бран борбата во поголем степен ќе се води на локално ниво.

– Со стекнатото искуство, наместо да се затвораат цели држави ќе можеме да ги обезбедима регините еден по еден, секоја зона една по една. На тој начин ударот врз економијата ќе биде значително помал, истакна Бретон.

Тој додаде дека Европа се уште не е целосно излезена од изолацијата и оти продолжува борбата со епидемијата и затоа сите треба да бидат внимателни.