Брестовац ќе ротира 23 ракометари против Турција и Грузија


Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, денеска го објави списокот од 23 ракометари кои ги повика за претстојниот собир и настап на пријателските натпревари во рамки на ЕХФ неделата.

ЕХФ неделата ќе се одржи од 21 до 27 октомври, во рамки на подготвителниот период за настап на Европското првенство 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка. Македонската репрезентација ќе одигра дуели со Турција и Грузија.

Брестовац повика 23 ракометари, меѓу кои од поискусните ги нема пикерите Стојанче Стоилов (повреден е) и Велко Маркоски, крилото Гоце Георгиевски и голманот Никола Митревски.