Брегзит без договор ќе предизвика и недостиг од тоалетна хартија во Британија
Напуштањето на Велика Британија на ЕУ без договор може да има сериозни последици по економијата, но тоа ќе предизвика голем недостиг на проиозводи меѓу кои и – недостиг на тоалетна хартија, за што веќе се зборува во таа земја.
Доколку Лондон ја напушти ЕУ без договор на 31 октомври, тоа би предизвикало проблеми со основните намирници, јавуваат британските медиуми.
„Тоалет хартијата би можела да стане дефицитарна“, изјави портпаролот на производителот „Есити“ за британскиот Дејли Меил.
Доколку има застој на границата и зголемено побарување од страна на граѓаните поради страв од недостиг, може да се појават проблеми со испорака.
„Плановите за снабдување се воспоставени за да се ублажат одредени ризици, но залихите не се неограничени“, велат производителите.
Производителот на тоалетна хартија се обрати пред јавноста откако пратеникот Џонатан Едвардс во парламентот постави прашање дали има резерви на тоалетна хартија во случај на брегзит без договор со ЕУ.