Бред Пит проговори за пороците во „Њујорк тајмс“: Се борев со алкохолизмот


САД– Еден од најплатените холивудски глумци, Бред Пит, искрено проговори за своите големи проблеми со алкохолот и дрогите од кои се откажал веднаш по разводот со Анџелина Џоли, и признава дека помош побарал на анонимните состаноци за лечење од алкохолизам.

55годишниот глумец во интервју за Њујорк Тајмс открива колку му било тешко по разводот и објаснува како течел процесот на одвикнување од алкохолизмот.

-Отидов толку далеку колку што можев, па морав да ја прешкрам привилегијата на конзумирање алкохол, вели Бред.

А за во тоа да успее, помош побарал на состаноците со анонимните алкохоличари. На овие состаноци, објаснува тој, открил нови, важни вредности во животот.

-Беше тоа сигурно место на кое речиси и немаше осудувања. Беше ослободувачки да ја покажете онаа грда страна од себе, признава Бред. Тој на ваквите состаноци одел година и половина.

Во интервјуто глумецот објаснува и дека алкохолот не бил негов единствен порок, туку и конзумирање на марихуана. Неговиот проблем со зависноста станал јасен после инцидентот на приватниот лет кога физички се „пресметал“ со синот Медокс. По оваа случка, Анџелина Џоли поднесе барање за развод.