Бред Пит ќе ги учи фудбалерите како да „глумат“ фаул – ќе почне од Нејмар
Лос Анџелес – Американскиот глумец и продуцент Бред Пит ја објави својата намера да преземе прилично специфична улога – да ги обучува фудбалерите како поверодостојно да глумат кога ги кршат правилата. Необичната понуда дојде откако 62-годишниот актер посведочил на „ужасната глума“ на Светското првенство во фудбал коешто се одржа во Северна Америка.
– Ќе почнам да давам часови по глумење затоа што овие момци се ужасни во тоа, изјави Пит за списанието „Есквајер“ (Esquire) коментирајќи го натпреварот Германија-Парагвај од пред околу еден месец.
Холивудската ѕвезда, познат по десетици улоги на големото платно, бил особено шокиран од комичната изведба на јужноамерикански фудбалер кој се тркалал по тревата… Пит дури и ја демонстрираше својата верзија на „паѓање“ и лажна болка.
– Ова е, веројатно, најлошата глума што сум ја видел. Разбирам дека фаулите се дел од тактиката, но, по ѓаволите, пријателе мој, им треба сериозна помош!, коментираше професионалниот глумец.
– И ќе почнам со Нејмар, бидејќи тој е на теренот како балетан и му треба помош. Ќе му покажам како да „продаде“ фаул, како да го направи тоа воздржано, како да не претерува за да изгледа веродостојно. Имам цела програма за обуката, нагласи Пит.