Бред Пит и Дикаприо од 60-тите: Прв пат глумат заедно само кај Тарантино


Франција/ САД-  Во новиот филм на тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ прв пат глумат заедно Бред Пит и Леонардо Дикаприо. Ѕвездите изгледаат како дел од „хипи Холивуд“ периодот кој се случуваше во Холивуд во времето кое го обработува филмот.

И двајцата актери се облечени во облека која би ја носеле ѕвезди од овој период на Холивуд, како Барт Рејнолдс и Роберт Редфорд.

Во филмот ќе се појави и Марго Роби, која ќе ја толкува улогата на Шерон Тејт, популарната американска актерка која беше една од жртвите на Култот на Чарлс Менсон. Дел од приказната ќе биде и нејзиното убиство и теророт кој беше предизвикан во Холивуд откако се случи тоа.

Тарантино направи обединување на двајца од неговите омилени актери со кои работеше на „Inglourious Basterds“ (Бред Пит) и „Django Unchained“ (Леонардо Дикаприо). Режисерот е многу возбуден за работата со ова дуо, нарекувајќи ги „највозбудливото динамично дуо по Роберт Редфорд и Пол Њуман“.

Ѕвездената четворка е актуелна на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал.

Филмот доаѓа во кината на 26 јули.