Бразилскиот министер за здравство поднесе оставка во ек на епидемија


Бразилскиот министер за здравство Нелсон Теих поднесе оставка на функцијата денеска откако беше на должност помалку од еден месец.
Оставката ја поднесе  во моменти кога земјата е едно од најголемите жаришта на корона вирусот во светот.
Теих изразуваше несогласување со претседателот Жаиро Болсонаро кој минатите денови инсистираше на употреба на хлорохлорикин како лек за корона вирусот, пренесе Ројтерс.
Тие не се согласуваа ни околу темпото на повторно отворање на економијата.
Министерот минатата недела рече дека не бил консултиран пред Болсонаро да издаде декрет со кој се дозволува повторно отворање на теретаните, салоните за убавина и фризерските салони.
Теих на местото министер за здравство го замени Луис Енрике Мандета, кого Болсонаро го смени во средината на април.
Мандета, исто така се спротивставуваше на употребата на хлорохлорикин, но и со ставот на Болсонаро  за карантин и другите мерки за сузбивање на корона вирусот.
Цел свет го критикува управувањето со кризата во земјата на Болсонаро поради пандемијата.
Болсонаро од почетокот ја минимизираше сериозноста на вирусот, нарекувајќи  го „мал грип“ и ги повикуваше граѓаните да ги игнорираат мерките.
Бразил ги престигна Германија и Франција по бројот на потврдени случаи  со корона вирус и сега е шести на светот со повеќе од 200.000 заразени и 13.933 починати.