Бразилците уверени дека Анчелоти ќе ја води репрезентацијата на Копа Америка 2024


Едналдо Родригез, претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, е уверен дека Карло Анчелоти ќе биде нивни селектор на Копа Америка во 2024 година.

Ова Родригез го изјави кога го претстави новиот селектор на бразилската селекција Фернандо Диниз.

– Има многу добри тренери во Бразил, а Диниз е еден од нив. Го забележав неговиот иновативен пристап. Тој секогаш го следеше истиот метод и многу ми се допадна неговата работа и неговите тактички идеи. Впрочем, тој е тренер чија визија за играта е многу слична со онаа на менаџерот кој ќе го наследи на Купот на Америка, Анчелоти. Тие имаат речиси ист пристап кон играта, ги цитира зборовите на Родригез „AS“.

Во моментов ниту Реал Мадрид ниту самиот Анчелоти немаат донесено одлука околу ова прашање.