Бразил: Повеќе од 70.000 починати од Ковид – 19


 

Бројот на починати од последиците од Ковид-19 во бразил надмина 70.000.

Бразилското Министерство соопшти дека регистрирани се 1.214 смртни случаи во последните 24 часа, со што вкупниот број се искачи на 70.398.

Во Бразил забележани се нови 45.048 заболени од корона вирус, пренесе Ројтерс.

Вкупно заразени во оваа јужноамериканска земја има 1.800.827 лица.