Бразил планира во 2021 година да го вакцинира целото население


Бразилскиот министер за здравство Едуардо Пажуело денеска изјави дека Владата на таа земја планира да го вакцинира целото население во 2021 година против коронавирусот.

Во интервју за една радио станица, Пажуело рече дека кандидатите, кои добиваат одобрение од здравствениот регулатор Анвис, можат да се користат за вакцинирање на Бразилците.

Бразил е на трето место во светот според бројот на заразени со коронавирусот, со повеќе од 6,7 милиони потврдени случаи. Речиси 180.000 луѓе досега починаа во земјата како резултат на оваа инфекција.