Бразил не престанува да пријавува огромни бројки со корона вирусот


 

Бразил пријави 26.363 потврдени случаи со корона вирус во изминатите 24 часа и 313 смртни случаи, соопшти министерството за здравтво.

Оваа јужноамериканска земја досега регистрира 6.603.540 случаи со Ковид-19, а официјалниот број на починати од болеста изнесува 176.941, според податоците од министерството, пренесе Ројтерс.

Бразил е трет во светот по обем на оандемијата, по САД и Индија.