Бразил: Маракана ќе биде пренаменет во болница


Бразилските власти одлучија спортскиот комплекс Маракана да биде привремена болница за пациенти заразени со новиот коронавирус.

Маракана е најпознатиот фудбалски стадион во светот, кој двапати беше домаќин на финалето на Светското првенство (1950 и 2014 година). На стадионот беа отворени и минатите Олимписки игри.

Локалните власти на Рио де Жанеиро дополнително треба да одлучат колку кревети ќе бидат поставени во комплексот. Исто така не е познато дали привремена болница ќе биде подигната на фудбалскиот терен или во составот на коплексот, каде има и атлетски стадион и базен.

Во Бразил досега се регистрирани 532.914 луѓе заразени со Ковид-19, од кои 24.093 починаа.