Бразил и Шпанија во финалето во Токио


Јапонија– Фудбалските репрезентации на Бразил и Шпанија ќе играат во финалето на олимпискиот турнир во Токио.

Откако Бразил во првотo денешно полуфинале го совлада Мексико по подобро изведување пенали, пласман во финалето попладнево обезбедија и Шпанците, совладувајќи го домаќинот Јапонија.

Полуфиналето во Саитама заврши без голови во регуларниот дел од натпреварот, а голот вреден пласман во олимпиското финале на „црвената фурија“ и го донесе Марко Асенсио во 115 минута.

Финалето ќе се игра в сабота со почеток од 13:30 часот по средноевропско време.