Бразил: Деветмина загинаа во циклон


 

Најмалку девет луѓе загинаа кога сиклон го погоди југот на Бразил, каде предизвика поплави.

Според цивилната заштита, девет лица загинале во вторник во сојузната држава Санта Катарина, додека две лица се водат како исчезнати, пренесе АП.

Повеќе од 700.000 луѓе останаа без струја во таа сојузна држава.

Бурата туркала дрвја и електрични столбови и довела до лизгање на земјиштето.

Во сојузната држава Рио Гранде де Сул евакуирани се повеќе од 1.100 луѓе.

Властите предупредуваат дека силни ветришта ќе дуваат и денеска, а поплави моќе да има и на јужните крајбрежни региони.