Брат и сестра ја убиле маќеата, а потоа со 41 убод со нож се обиделе да го убијат татко им
Србија- Медиумите во Србија известуваат за шокантно злосторство во близината на Параќин што ја вознемири јавноста.
Извесен Марко Павловиќ (23) е уапсен под сомнение дека заедно со неговата сестра Милица (27) на нивниот татко Милош му нанеле 41 убод со кујнски нож.
По распитот во полиција, Марко признал дека ја убил и маќеата Марина М. (50), по што полицијата во локва крв во нејзината куќа го пронашла безживотното тело на жената.
Полицијата се сомнева дека Марко прво ја убил маќеата, а потоа го нападнал татко му заедно со сестра му. Според неофицијалните информации, мотив за монструозното убиство била емотивната врска на нивниот татко со Марина. Во страв од Марко и Милица, Марина не живеела во нивниот дом, туку во својата куќа.
Необично е тоа што и покрај нанесените 41 убод со нож, таткото успеал да го грабне ножот и истрчал кај соседите, од каде што повикале полиција и итна помош, која му ги санирала повредите во болницата во Параќин.
Братот и сестрата се во притвор.
Жителите на село Трешњевица, каде што се случил настанот, се шокирани од страшното злосторство. Тие велат дека братот и сестрата биле зависници од дрога и од алкохол.
„Тие живееја со татко им во убава куќа, благодарение на нивните баби и дедовци, кои работеа во Австрија и им оставија многу пари, а тие самите не правеа ништо. Таткото Милош ги издржуваше двајцата така што влечеше дрва од планината и ги продаваше. Но, тие никогаш не беа задоволни“, вели соговорник на „Новости“.