„Брако“ почна со производство на медицински паравани со нов дизајн (фото)


 

„Брако“ почна да произведува медицински паравани со целосно нов дизајн. Параваните се изработени за потребите на партнерите на „Брако“ од индустријата за медицинска опрема, соопштија од компанијата.

„Станува збор за испорака на повеќе од 200 медицински алуминиумски паравани со нов современ дизајн. Комплетниот дизајн и развој на овие медицински паравани е направен од инженери во ‘Брако’. Досега параваните се произведуваа од челик, а сега за првпат ‘Брако’ ги произведе од алуминиум. Покрај современиот дизајн, алуминиумските паравани се лесни за манипулација и попрактични за употреба. Квалитетот, брзата изработка и навремената испорака се во основата на медицинската програма, која е една од првите производствени програми во ‘Брако’“, посочува Сашко Димитров, одговорниот проект-менаџер на медицинската програма во „Брако“.

Медицинската палета на „Брако“ се произведува согласно меѓународниот стандард ИСО 9001, европските регулативи и директиви, како и во согласност со ФДА регулативите во САД поврзани со медицинска опрема.

Најголемиот дел од производството во оваа програма, околу 95 отсто, се наменети за извоз во Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД.

Со примена на најновите практики и имплементација на современите технологии за поддршка на медицинските активности, производите на „Брако“ ширум светот, придонесуваат во обезбедувањето навремена здравствена грижа за пациентите, посочуваат од компанијата.