„Брако“ ги проширува капацитетите, гради нова хала


 

„Брако“ го шири производството и гради нови погони за да одговори на зголемената побарувачка од светот за возилата за чистење. Новата хала се простира на површина од над 4.400 метри квадратни, а со неа ќе се овозможи проширување на производството, како одговор на зголемената побарувачка.

Вредноста на инвестицијата е 2,5 милиони евра, а „Брако“ сам ја произведува конструкцијата. Во неа ќе се инсталираат нови ЦНЦ плазма машини за обработка на метал.