Браќа тепале сестра, сосед нападнал сосетка


Полицискиот билден бележи повеќе физички пресметки, во кои двајца браќа ја тепале сестрата, сосед влегол во домот на состка и ја нападнал со метален предмет, а нападнати се луѓе и на работно место, како и во бензинска и казино.

Во петокот, во 19 часот во СВР Скопје, Д.А.(35) од Куманово пријавила дека во 15.30 часот на подрачје на Гази Баба била физички нападната од нејзините браќа Е.Б. и М.Б..

Истиот ден, во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од село Шишево, Скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на подрачје на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Л.Б. 

М.С.(37) пријавила дека на подрачје на Гази Баба била физички нападната од И.И. 

Синоќа околу 22.30 часот во СВР Скопје, Г.К.(47) пријавил дека кај бензинска пумпа во село Марино,скопско неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ф.Б., М.А., Д.В., М.С. и уште неколу лица од село Кадино. 

Во СВР Куманово, С.С.(22) пријавил дека на 24.12.2020 околу 18.00 часот пред казино во Куманово бил физички нападнат од едно лице, вработено како обезбедување во казиното.

Вчера во 20.10 часот во СВР Битола, И.Ј. од Битола пријавил дека околу 18 часот на бензиската пумпа во Битола бил физички нападнат од едно лице. 

Во петокот, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода К.Г.(64) од Свети Николе, бидејќи околу 20.10 часот на ул.„Кумановска“ во Свети Николе, насилно влегол во домот на неговата сосетка В.Д.(65) и ја нападнал со метален предмет. Се работи на целосно документирање на случајот и против К.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.