Босна и Херцеговина со близу 400 нови случаи со Ковид-19


 

Босна и Херцеговина денеска бележи 394 новозаразени со корона вирус, од кои во Федерацијата се 297, а во Република Српска 97 лица.

Во Заводот за јавно здравје во Федерацијата биле тестирани 1.709 примероци, или вкупно досега 141.531. Ковид-19 потврден е кај 15.790 лица.

До денеска во федерацијата излечени се 11.512 пациенти, а активни се уште 3.835 случаи.

Во последното деноноќие починале осум пациенти од последиците од Ковид-19. Вкупно се 443 жртви на корона вирусот.

Во Република Српска биле направени 640 тестови, а регистрирани се 97 позитивни, пријавени се три смртни случаи.

Досега потврдени се 8.511 случаи со корона вирус, а починале 284 лица. Оздравеле 5.431 пациенти. Вкупно од почетокот на пандемијата тестерани се 72.994 примероци.