Босна и Херцеговина никако да стивне, денеска рекордни 711 новозаболени

 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 711 нови случаи со корона вирус, од тестирани 2.284.

Ова е втор ден по ред во кој оваа држава урива рекорди. Вчера имаше 621 регистрирани нови случаи.

Во Федерацијата тестирани се 1.497 примероци, а 485 биле позитивни на корона вирусот.

Досега тестирани се 180.461 примероци, а корона вирусот е потврден кај 21.830 лица.

Излечени се 17.096 пациенти, а активни се 4.108 случаи, пренесе Кликс.ба.

Во Заводот за јавно здравство во Федерацијата пријавен е еден смртен случај, а од почетокот на пандемијата починаа 626 луѓе

Во Република Српска пак, во последните 24 часа тестирани се 787 примероци, а дури 226 биле позитивни.

Досега во РС потврдени се 11.380 случаи со корона вирус, а починаа 334 пациенти со Ковид-19.