Босна и Херцеговина и понатаму со висок број новозаразени – 274, шестмина починаа


Според здравствените институции во БиХ во последното деноноќие регистрирани се 274 случаи со корона вирус, а починаа шест лица.

Во Федерацијата БиХ тестирани се 1.161 примероци, од кои 183 биле позитивни на Ковид-19.

Досега тестирани се 90.712 примероци, а корона вирусот е потврден кај 7.700 лица.

Оздравени се 3.959 пациенти, а активни 3.559 случаи. Починати се вкупно 182 пациенти.
Во Кантонот Сараево новозаразени се 82, од кои 53 од семејни кластери.

Во Република Српска анализирани се 436 лабораториски примероци, а потврдени 91, додека двајца починаа.