Бошњаковски: Нема политичка и популистичка интенција во преименувањето на стадионот


Преименувањето на стадионот „Филип Втори“ во национална арена „Тоше Проевски“ е направено на предлог на Владата што е усогласен  со семејството  Проевски, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Зад предлогот нема никаква политичка или популистичка интенција  како што, за жал, очигледно се создала навика во државата, дополни Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за одлуката за преименувањето на вчерашната владина седница.

Како што објави  владиниот портпарол по седницата, Владата донела одлука за преименување на стадионот во национална арена „Тоше Проески“ во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја.

Во 2009 година, претходната Влада го преименува поранешниот Градски стадион во Национална аера „Филип Втори“.