Бошкоски на Фејсбук: На Инфективна сум, се чувствувам одлично


Откако се дозна дека поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски е примен на Инфективната клиника, поради влошување на состојбата со Ковид-19, тој се огласи Бошкоски на својот профил на „Фејсбук“.

Вели дека  се чувствува подобро и дека уште 3-4 дена ќе прима терапија.

„Почитувани членови и симпатизери на Обединети за Македонија, почитувана јавност,

Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене. Чувајте се!“, напиша Бошкоски.

https://www.facebook.com/ljubeboshkoski/posts/3435356183177959

Претходно, Бошкоски сакал да патува за Хрватска, каде има свој имот, па му требало негативен тест. Но, резултатите биле позитивни и тој остана во Челопек, каде се пофали дека прави зимница.