Босанката Сенида ќе ја претставува Словенија на Евросонг 2020


Словенија- На Изборот за “Песна на Евровизија“ во Холандија, Словенија ќе ја претставува атрактивната Босанка Сенида Хајдарпашиќ, која има уметничко име Сенидах.Сенида на музичката сцена се појави во 2010 година со песната „Пустиња“. Досега Словенија немаше забележителен успех на Евросонг.

  1. Евросонг ќе се одржи во мај во 2020 година. Неколку холандски градови веќе се вклучија во трката за домаќин , откако претставникот на Холандија, Данкан Лоренс победи на финалето на Евросонг годинава во Тел Авив.

Како што јавија холандските медиуми, интерес за организација на Изборот следната година веќе најавиле Амстердам, Ротердам, Хаг и Мастрихт.

Успехот на 25-годишниот Лоренс со песната „ Arcade“, е прва победа на Холандија по 44 години, и петта за Холандија.