Борјан Јованоски втор на Светската ранг листа во параглајдинг


 

Врвниот спортист Борјан Јованоски се подигна на второ место на светската ранг листа во параглајдинг, дисциплина прецизно слетување.

По ажурираните резултати од Европскиот куп кој се одржа во Романија, Урои, место повисоко за Борјан на Светската ранг листа.

Воздухопловната Федерација на Македонија се гордее со постигнатите резултати и успеси на македонскиот врвен спортист, соопштија од таму.

Но патот до врвот не е лесен. Овој млад човек е спремен да патува и по 2.000 км со комбе со неговиот тим за да и донесе успех на нашата држава.

„Тоа е навистина за почит. Во него гледаме пример за самодоверба и ентузијазам, се надеваме дека и останатите ќе го следат тој пример. Секој млад човек има потенцијал да стане врвен спортист, а ние за тоа се залагаме“, велат од федерацијата.

Борјан во моментов се подготвува и тренира за Светско првенство во Србија, Вршац, во септември, каде со членови на национална репрезентација во параглајдинг повторно ќе летнат во височините за нашата татковина.