Борисов: Северна Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса, нејзината иднина е во ЕУ


Секогаш сме истакнувале дека Северна Македонија може да смета на нас за ЕУ, но никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме нејзиниот прием. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и тие не треба да си играат со таа шанса.

Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по консултативната средба кај претседателот Румен Радев на која присуствуваа и вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

– До вчера велевме дека сме братски народи, нека не продолжува братоубиствената војна од пропагандата во Скопје зашто ние поблизок народ и луѓе немаме. Да ја запреме Северна Македонија на патот кон ЕУ, тоа ќе биде запишано во историјата дека сите 27 земји ги поддржале, а само Бугарија ги запрела. Ние сакаме и Албанија да оди заедно со Северна Македонија. Но, никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме влезот во ЕУ. Имаме на располагање 71 инструмент во преговрите по поглавјата. Да не си играат со историјата и минатотото и да се концентираат на иднината, рече Борисов.

Каракачанов, пак, по средбата, како и пред неколку дена, кажа дека Бугарија не може безусловно да ја поддржува Северна Македонија и треба да постави многу  јасни услови. И тој смета дека најдобра варијанта би била Северна Македонија и Албанија заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ.

– Апсолутно сме едногласни дека и покрај некои напредоци на комисијата за историски прашања работите не се задовилителни, а причината за тоа е е политиката на Скопје да се оддолжува и да се купува време. Се договоривме дека поодршката не може да биде безусловна, рече Каракачанов.