Борисов: Секогаш сме подготвени да ви помогнеме


Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, одговори на коментарот од премиерот Зоран Заев со кој се заблагодарува за донацијата на вакцината велејќи дека тие секогаш се тука да им помогнат на соседите и пријателите.

„Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на нашите најблиски соседи и пријатели. Ова му го кажав на премиерот Зоран Заев, кој ни се заблагодари за подготвеноста да им помогнеме во обезбедувањето вакцина против ковид-19. Ситуацијата е навистина тешка и треба да се поддржуваме и да сме солидарни едни со други. Секој живот е важен и ќе вложиме максимални напори да го зачуваме“, напиша Борисов на Фејсбук, при што ја сподели објавата од Заев во која тој ѝ се заблагодарува на Бугарија.