Борисов се премисли, го поддржа кандидатот на Петков за Софија


 

Две различни изјави за само неколку дена даде лидерот на ГЕРБ пред неделниот втор круг на локалните избори во Бугарија. Бојко Борисов прво ја поддржа кандидатката на Бугарската социјалистичка партија за градоначалник на Софија, а вчера им се обрати на поддржувачите да гласаат за Васил Терзиев, кој е на листата на коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија на поранешниот премиер Кирил Петков. Терзиев оствари убедливо водство наво првиот круг, додека кандидатот на ГЕРБ беше само трети.

„Им се обраќам на сите нас, на жителите на Софија, на нашите симпатизери, мора да го поддржиме владиниот кандидат, во случајов Терзиев, колку и да не ми се допаѓа“, изјави вчера Борисов. Пред да ја соопшти поддршката, тој наведе објава на Кирил Петков на Фејсбук во која поранешниот премиер во која им се обрати на „десничарите“ со повик да не се дозволи „комунист со фразеологија и размислување од 1973 година да ја води Софија во 2023 година“.

Во текот на неделата, Борисов изрази поддршка за Вања Григорова, кандидатката на БСП, а потоа рече дека се шегува. Притоа, тој изјави дека владиното мнозинство повеќе не постои, а следната недела ќе организира состанок на ГЕРБ, на кој ќе се одлучува за судбината на владата. Тој вчера со многу поблаг тон повика да се зачува евроатлантското владеење. Тој им се обрати на лидерите на Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија:

„Имате уште време, како што ја притискампартијата во моментов, свртете се. Во понеделник и вторник ќе дознаеме дали сте биле искрени со оваа публикација (на Кирил Петков) Дали вие и БСП игравте заедно против нашите градоначалници, ќе ви се врати. Обратете се кај вашите гласачи, да се уверат и нашите и вашите барем малку дека државата ни е поважна од партиите и сакаме ова евроатлантско мнозинство да не да биде скршено“, рече лидерот на ГЕРБ.

Претходно вчера, иако без да го спомене неговото име, пропаднатиот кандидат на ГЕРБ за Софија, Антон Хекимјан, најави дека ќе гласа за Терзиев.