Борисов: Навални е мртов? Не, Навални е убиен!


За смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални реагираше и поранешниот бугарски премиер и актуелен лидер на ГЕРБ Бојко Борисов на Твитер.

„Навални е мртов?!Не – Навални е убиен! Режимот го уби!
Ова е атентат против демократијата. Потребен е силен притисок врз Кремљ и поголема помош за Украина“, напиша Борисов.

„Навални почина во затвор. Путин продолжува да се подготвува за своите „избори“. Смртта апсолутно паѓа на совеста на Путин.
Тоа мора да стане повик за будење на заслепеното и заглуво општество, ако сè уште има самопочит. Искрено сочувство до сопругата Јулија и децата Дарија и Захар“, беше реакцијата на поранешниот шеф на дипломатијата на Литванија.

Урсула фон дер Лајен напиша дека „ е дДлабоко вознемирена и тажна од веста за смртта на Алексеј Навални“.

„Путин не се плаши од ништо повеќе од несогласувањето на сопствениот народ. Мрачен потсетник за тоа што се Путин и неговиот режим.
Ајде да се обединиме во нашата борба за заштита на слободата и безбедноста на оние кои се осмелуваат да застанат против автократијата“, повика Лајен.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, т изјави дека е „длабоко тажен и вознемирен“ од извештаите за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

„Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија треба да одговори на сите сериозни прашања за околностите на неговата смрт“, рече Столтенберг.

Претседателот Џо Бајден пак кратко порача дека „неуспехот да се поддржи Украина во овој критичен момент никогаш нема да биде заборавен“.
nas Linkevičius