Борисов: На одредена возраст не смее да се пропушти ерекцијата и мокрењето


Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ја критикуваше изјавата на поранешниот министер за финансии и избран заменик на ГЕРБ, Кирил Ананиев, за БНТ дека партијата под одредени услови ќе поддржи влада што би била формирана од партијата на Кирил Петков, „Промените продолжуваат“. 

„Кирил Ананиев вика: Ете, денес ми дојде да го поддржам вториот… На одредена возраст не треба да се пропушти ерекцијата и мокрењето. Замислете влада со Бојко Рашков и Асен Василев и вие ја поддржувате?!  Со овој антагонизам најдобро е ние што бевме некои да се повлечеме и да оставиме  експерти поддржани од партиите  да управуваат за да ја поминеме зимата. Ако тоа ти беше на ум, добро. Ако не – мери си ги повеќе зборовите бидејќи во спротивно ова станува какофонија. Во име на државата сме подготвени на секакви компромиси, но тоа мора да го направат  и другите“, рече Борисов.