Борисов им ги објави луксузните автомобили на бизнисмените што бараат помош


До денес во сиромашна Бугарија има три „Бугати“ како на Роналдо, дури 241 „Бентли“ „Ферари“ – 123, „Мејбах“ – 53, „Мекларен“ – 22, „Ламборџини“ – 87, „Масерати“ – 311, „Ролс Ројс“ – веројатно сме први во Европа со 84 вакви коли, „Хамери“ -280, „Јагуари“ близу 4.000 а „поршеа“ – близу 5000. ”

Не, ова не е статистика за автомобилски шоу, туку информација што ја прочита во живо премиерот Бојко Борисов, правејќи обиколка на патиштата што се градат во земјата.

Деталите за луксузните автомобили му ги предаде директорот на градската полиција во Софија, Георги Хаџиев, кој ја извади листата од џеб.

Списокот со луксузни автомобили беше одговор на реакциите по неговиот брифинг на 17 март за мерките околу епидемијата со корона вирусот, кога  порача дека „ако секој бизнисмен продаде по еден од автомобилите што ги има, ќе ги плати платите на работниците на од колите што ако сите продадат еден од автомобилите, тие ќе плаќаат плати на работниците, а не цело време да бараат помош од државата“. Тој објасни дека е импресиониран од нивниот возен парк, што го забележал кога имал средба со организациите на работодавачи.

Различни претприемачи, особено претставници на малите и средни бизниси,  наредните денови му одговорија дека немаат луксузни автомобили за продажба и дека  нивните бизниси се погодени од епидемијата. Откако беше прогласена  вонредната состојба, повеќе од 70.000 луѓе ги загубија своите работни места во Бугарија.