Борисов го воведе ветото, сега бара итно решение од Петков за него


 

Настаните денеска во Бугарија се менуваат како на филмска лената – во последниот поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека ќе ја поддржи одлуката на владата да го одобри францускиот предлог, кој ќе го симне ветото на Софија кое го воведе токму кабинетот на Борисов.

Ова го соопшти самиот Борисов, кој повика Кирил Петков да свика вонредна седница на владата да го одобри документот кој подоцна ќе биде доставен до Собранието. Ако тоа не се случи, Борисов рече дека претседателката на парламентарната група Десислава Атанасова ќе разговара со другите евроатлански партии во парламентот за да поднесат слична одлука за која ќе гласаат пратениците и верува дека зад тоа ќе застанат ДПС и Демократска Бугарија.

Борисов рече дека не се предомислил и ГЕРБ ќе гласа „против оваа катастрофална влада“ на гласање за недоверба денеска во 19,10 часот.

Борисов изјавата ја даде во седиштето на партијата каде е присутен голем дел од пратеничката група. Тој рече дека разговарал со пратениците и побарал од нив, доколку му веруваат, да поддржат решение за Македонија, по што ќе им објаснел тоа на гласачите. Тој додаде дека е подготвен да издржи негативни реакции. Тој гарантираше дека 59-те пратеници од партијата ќе присуствуваат на седница на која ќе се гласа за ваква точка, иако претходно денеска не влегоа во пленарната сала, а редовната седница пропадна поради немање кворум.

„Ова е вистинската одлука за иднината на Бугарија, Европската унија и на Балканот. Нема да останеме во темната страна на Евроазија, за да дозволиме путинизација“, рече Борисов.