„Борис“ предизвика кoлапс: Расте бројот на жртви (видео)
Бројот на жртвите од поплавите предизвикани од циклонот Борис, кој ја погоди централна и источна Европа, се искачи на 23, откако чешките власти денеска соопштија за смртта на четврто лице во таа земја.
Чешките медиуми објавија дека последната жртва е 70-годишна жена од село во близина на Јесеник, која е пронајдена на 20 метри од нејзиниот дом, а во таа земја водостоите генерално паѓаат, иако реките сè уште бележат високи водостои во некои делови. од јужна Бохемија.
Според податоците на Ројтерс, седум лица загинале во Романија, седум во Полска и пет во Австрија. Полското Министерство за одбрана соопшти дека повеќе од 14.000 војници се распоредени во областите погодени од поплави, вклучувајќи го и Вронцлав, а вооружените сили користат хеликоптери за евакуација на луѓето и зајакнување на одбраната од поплави.
Во Будимпешта се очекува во петок или сабота водостојот на Дунав да достигне врв, а премиерот Виктор Орбан го посети селото Кисмарос, северно од Будимпешта на брегот на Дунав, каде што ги надгледуваше подготовките за поплави. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се очекува во четврток да го посети Вроцлав, каде ќе се сретне со лидерите на погодените земји.
Полскиот премиер Доналд Туск го повика Брисел да обезбеди финансиска помош, а министерот за финансии Анджеј Домански на кризниот состанок во Вроцлав изјави дека Полска издвоила 2 милијарди злоти (521 милион долари) средства за справување со последиците од поплавите.
🌊The floods that are currently in Europe are just the tip of the iceberg, the worst is yet to come
Authorities in countries suffering from the disaster are warning about this. In just one district of Austria, 12 dams have burst. People are being evacuated by the tens of… pic.twitter.com/Kr52HrRqYj
— Crypto 4 Light (@vladi4light) September 16, 2024
Во областа од Романија до Полска, поплавите донесоа кал и отпад во градовите, уништувајќи мостови, потопувајќи автомобили и предизвикувајќи голема материјална штета на домаќинствата, кои се проценуваат на неколку милијарди долари.
Во најпогодените области, локалните жители и службите за итни случаи расчистуваат дел од железничката линија од Прага до Острава, која е дел од маршрутата Виена-Варшава, а се уште не е во функција.
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении погодија делови од Полска, Чешка, Романија и Австрија, при што загинаа најмалку 23 лица.
Во исто време, силно невреме сега и се заканува на Италија, каде е пронајдено телото на пожарникар кој исчезна во поплавата. Во поголемиот дел од Италија се издадени предупредувања за силен дожд, ветрови и поплави, јавува Би-би-си.
Floods rage in Europe
The natural disaster has affected several countries at once, and the death toll continues to rise. At the moment, it is known that 6 people have died in Romania, 5 in Poland, 3 in Austria, and 1 in the Czech Republic.
In the Czech Republic, four people are… pic.twitter.com/KrqEf63JIs
— Trending News (@Trend_War_Newss) September 16, 2024
Веќе има извештаи за поплави во Пескара во централна Италија, додека италијанската метеоролошка служба предупредува дека невремето ќе го погоди северниот брег на регионот Емилија-Ромања. Рано утринава во јужната италијанска провинција Фоџа е пронајдено тело на пожарникар откако возилото со кое управувал било однесено од поплава, јавува денеска АНСА.
Пожарникарот бил член на тимот кој им помагал на мотоциклистите заглавени во невремето на автопатот меѓу Сан Северо и Торе Маџоре. На поплави во наредните денови предупредуваат и властите во Хрватска, Унгарија, Словачка и Полска.