Борис Надеждин не доби дозвола од изборната комисија да биде ривал на Путин


 

Без дозвола не можеш на излезеш на избори против Путин.

Централната изборна комисија поништи 9.147 потписи за поддршка на рускиот претседателски кандидат од Граѓанската иницијатива Борис Надеждин, пренесува РИА Новости. Вкупно се проверени 60 илјади потписи. Така, ако се земе предвид нивниот вкупен број – 104.734 – „дефектите“ изнесуваат повеќе од 8,7%, а прифатливи се 5%.

Според заменик-претседателот на комисијата, Николај Булаев, 2.875 прекршувања се однесуваат на собирачите на потписи. ЦИК соопшти дека на Надеждин пронашле потписи на 11 починати лица.

Комисијата одлучи и да не му дозволи на кандидатот од Комунистите на Русија, Сергеј Малинкович, да учествува на претседателските избори. Констатирано е дека тој имал 8.979 неисправни потписи, меѓу кои 8 од починати лица.