Борис и Кери Џонсон објавија божиќна фотографија со кучето и новороденчето Роми


Англија– Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери објавија божиќна фотографија со нивното куче Дилин и новороденчето Роми.

Премиерот одржува серија видео повици додека неговата сопруга Кери седи покрај него и ја држи нивната двенеделна ќерка во  нивниот дом во Чекерс. Миленикот од расата Џек-Расел блажено спие покрај нив на софата.

Со  светлосна кутија со имињата на двете нивни деца – Вилф и Роми, двојката разговараше со д-р Лаура Маунт, директорка на Централната и Западна мрежа Warrington Prime Care Network, која води тим за вакцинација.

Двојката потоа разговараше со Том Џонс, од Хертфордшир, кој присуствува на клубот за ручек во Кралската доброволна служба Рикмансворт и се грижи за неговата сопруга која има деменција.

Сликата е направена во четвртокот додека Џонсон (57) и неговата сопруга Кери (33) се смеат и се шегуваат за време на видео повиците. На масата зад нив се поставени голем број рачно изработени новогодишни честитки.

Роми Ајрис Шарлот Џонсон е родена на 9 декември во болницата на Универзитетскиот колеџ во Лондон, второто бебе надвојката по раѓањето во април минатата година на нивниот син Вилфред. Роми е седмото дете на премиерот.

Набргу по раѓањето на Роми, г-ѓа Џонсон објави фотографија од бебето на Инстаграм, објаснувајќи како го добила името по нејзината тетка Розмари, додека Ирис бил грчки збор за „виножито“, а Шарлот била избрана во чест на покојната мајка на Џонсон, Шарлот Џонсон Вол, која почина претходно оваа година на 79-годишна возраст.

Џонсон претходно ја опиша својата мајка, професионален сликар, како „врховен авторитет“ во неговото семејство.

Сопругата на премиерот ја опиша нејзината ќерка како „бебе од виножито“, термин што се користи за опишување на дете родено по спонтан абортус.