Борис Џонсон префрлен во болница


Британскиот премиер Борис Џонсон беше примен во болница за тестови во неделата, откако покажа постојани симптоми на корона вирусот десет дена по позитивниот тест на Ковид-19, иако неговата канцеларија соопшти дека не станува збор за прием во итни случаи.

„По совет на неговиот лекар, премиерот вечерва е примен во болница за тестови“, соопшти Даунинг стрит.

„Ова е претпазлив чекор, бидејќи премиерот продолжува да има постојани симптоми на корона вирус десет дена по тестирањето позитивно за вирусот“, рече Даунинг стрит.

Џонсон на 27 март стана првиот водач на една голема сила што објави дека е позитивен. Тој отиде во изолација во стан во Даунинг стрит и во петокот рече дека останува таму бидејќи сѐ уште има висока температура.  (Ројтерс)