Борис Џонсон поднесе оставка и како пратеник


 

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон се повлекува од функцијата пратеник со моментален ефект и вели дека е „збунет и згрозен“ поради тоа што е „избркан“

Потегот на поранешниот премиер ќе предизвика итни дополнителни избори во конституенцата на Џонсон.

Тој го презеде овој потег откако Комитетот за привилегии на Долниот дом, наводно, откри дека го завел парламентот и препорача санкција од повеќе од 10 дена.

Џонсон изјави за „Тајмс“: „Многу е тажно да го напуштам парламентот – барем засега – но пред сè сум збунет и згрозен што може да бидам избркан, антидемократски, да бидам принуден од Комитетот со кој претседава и раководи Хариет Харман, со таква огромна пристрасност“.