Борис Џонсон победи во гласањето за доверба
Британскиот премиер Борис Џонсон со голема маргина го доби гласањето за доверба меѓу пратениците на неговата Конзервативна партија. Џонсон доби поддршка од 211 пратеници, а за негово симнување од власта гласаа 148. Тоа значи дека Борис Џонсон останува премиер.
Гласањето за недоверба беше покренато по извештаите за неколкуте прекршувања на строгите правила за заклучување во време на најголемиот бран на пандемија на Ковид-19.
Според британските парламентарни правила за довербата во него гласаа пратениците на партијата. Доколку го изгубеше гласањето тој веднаш мораше да поднесе оставка, а на негово место ќе дојдеше друг претставник на Конзервативната партија.
Ова е аритметичка победа за Борис Џонсон, но дури 148 конзервативни пратеници мислат дека на земјата ќе ѝ биде подобро да се откачи од него. Тоа се 148 конзервативни пратеници, а не пловечки гласачи, пишува Би-Би-Си.
Неговите поддржувачи велат дека ситуацијата сега е многу поинаква – но ова гласање значи дека прашањето нема да исчезне. Резултатот е на горниот крај од очекувањата на бунтовниците, кои никогаш не очекуваа дека ќе победат. Тие ќе го видат ова како губење на битката, но војната за негова замена продолжува, јавува Би-Би-Си.