Борис Џонсон отпуштен од болница


Британскиот премиер Борис Џонсон е отпуштен од лондонската болница и ќе продолжи со закрепнувањето од Ковид-19 во резиденцијата Чекерс, соопшти неговиот кабинет во неделата.

„Премиерот е отпуштен од болницата за да продолжи со закрепнувањето во Checkers“, рече портпаролот.

„По совет на неговиот медицински тим, премиерот нема да се врати на работа веднаш. Тој сака да им се заблагодари на сите во болницата ‘Свети Томас’ за брилијантната грижа што ја доби. Сите негови мисли се со оние кои се зафатени со оваа болест“.

Џонсон (55) беше однесен во болницата „Свети Томас “ во центарот на Лондон на 5 април, страдајќи од постојани симптоми на болеста предизвикана од новиот корона вирус. На 6 април беше префрлен на интензивна нега, каде остана до 9 април. (Ројтерс)