Борис Бекер драстично ослабе додека е во затвор


 

Германскиот тенисер Борис Бекер во април беше осуден на две и пол години затвор поради финансиски малверзации, а по шест месеци зад решетки од Англија стигнуваат загрижувачки вести за неговата состојба.

Имено, адвокатот на славниот тенисер Оливер Моузер, за „Билд“ откри дека Бекер ослабел осум килограми, но и покрај тоа уверува дека е во добра психичка состојба.

„Бекер и понатаму добро се држи имајќи ги во предвид околностите во кои се наоѓа. Навикна на секојодневието на затворскиот живот во Хантеркомбеј“, вели адвокатот.

Тој претходно откри дека Бекер ќе биде преместен од озлогласениот затвор Вандсфорт во кој првично беше сместен.

Бекер, како што се пишува во Германија, е во засебна ќелија и често се дружи со останатите затвореници меѓу кои е и популарен.

Практикува јога и медитира што е веројатно совет кој му го дал поранешниот ученик и пријател Новак Ѓоковиќ.

„Билд“ потсетува дека Бекер има бројни привилегии во затворот затоа што е во делот на установата кој нема голем број чувари.