Boring Phone е анти-паметен телефон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega


Heineken и креативната компанија Bodega се здружија за да дизајнираат уред наречен Boring Phone.

Досадниот телефон ќе го произведува компанијата HMD Global за Heineken и Bodega во само 5.000 примероци, а секој од нив ќе стигне до среќник кој ќе го добие на подарок.

Овој мобилен телефон е дизајниран да биде што е можно поедноставен, не содржи апликации од трети страни и нема можност за поврзување на Интернет. Се базира на моделот Nokia 2660 Flip, има проѕирно тело и прилагодена монохроматска тема.

Доби 2,8-инчен QVGA главен екран со резолуција од 240х320 пиксели и помал „надворешен“ екран од 1,77 инчи. Назад се наоѓа камера од 0,3 MP со LED блиц, а телефонот користи софтвер Moco RTOS. Исто така, корисниците можат да се забавуваат со култната игра Snake, а на располагање имаат и FM радио и приклучок за слушалки.

 

Boring Phone поддржува мрежи до 4G и има два слота за SIM, како и 128 MB внатрешна меморија што може да се прошири со помош на microSD картичка. Се напојува од батерија со капацитет од 1.450 mAh, која ветува седум дена работа во режим на подготвеност и 6 часа разговор преку 3G и 4G мрежите.