Борел и Брнз задоволни од компромисот за изборите


Амбасадорката Кејт брнс

Амбасадорката на САД, Кејт Брнз, на Твитер ја поздрави информацијата дека предвремените парламентарни избори се закажани за 15 јули.

„Ја поздравувам информацијата дека изборите се закажани за 15 јули. Идниот парламент и Влада се соочуваат со исклучителни одговорности и што ќе влијаат врз иднината на државата, вклучувајќи го и Ковид–19, како и пристапните преговори со ЕУ. Со нетрпение чекам да продолжи и продлабочи нашето партнерство“, напиша амбасадорката Брнз на Твитер.

Договорот го поздрави и високиот преставник за надворешна политика на ЕУ,Џозеп Борел..

„Го поздравувам договорот постигнат меѓу политичките партии во Северна Македонија за одржување на парламентарните избори на 15 јули. Се надевам на кредибилни избори и дека земјата ќе продолжи да се движи напред по европскиот пат“, објави на Твитер Борел.