Борел директно ја обвини Бугарија дека го кочи Западен Балкан на патот кон ЕУ


Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, директно ја посочи Бугарија како главен виновник зошто проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е запрено со блокадата на Македонија и Албанија. Тој побара Бугарија треба да биде пофлексибилна по прашањето за проширување.

Претходно, оваа недела, на самитот во Брдо, лидерите на 27 земји од Европската унија ветија членство на балканската шесторка, повторувајќи ги ветувањата дадени од пред 18 години, но одбија да ја одредат 2030 година како последен датум за прием, стравувајќи од повратна реакција во нивните земји поради миграцијата.

Во настапот на форумот „Нова економија“ во Мадрид, шефот на европската дипломатија во петокот рече дека регионот западнал во песимизам.

„Западниот Балкан западна во еден своевиден песимизам, разочараност од реалните перспективи за проширувањето на ЕУ. Фактот дека тој јазичен спор со Бугарија; не знам дали е тука бугарскиот амбасадор; но секако мислам дека Бугарија треба да покаже поголема флексибилност во врска со овој проблем, бидејќи е пречка да се отворат преговорите не само со Северна Македонија, туку и со Албанија, а тие две држави си ја завршија домашната работа и се подготвени за преговарачкиот процес што би можел да вроди со резултат на кус рок“, рече Борел на форумот.

Со ваквото однесување Бугарија го „гасне пламенот“ на надеж во регионот, рече Борел.

„Бугарија, парализирајќи им го процесот на двете земји, зашто рековме дека одат во пакет, доведе до една состојба на негодување и разочараност поради недостатокот од перспектива и нешто што ние го нарекуваме ’згаснување на пламенот’.“ 
Сето ова, предупреди Борел, може да ги натера земјите од регионот да почнат да размислуваат и за алтернативи. 

Бугарија го стопира влезот на Северна Македонија, која е членка на НАТО, во ЕУ, поради несогласување со Скопје околу прашањето на јазикот.

Претходно, оваа недела, на самитот во Брдо, лидерите на 27 земји од Европската унија ветија членство на балканската шесторка, повторувајќи ги ветувањата дадени од пред 18 години, но одбија да ја одредат 2030 година како последен датум за прием, стравувајќи од повратна реакција во нивните земји поради миграцијата.