Борбена модна порака: Што облече Меланија Трамп за најсериозниот говор во Белата куќа?

САД- Елегантен комплет во зеленомаслинеста нијанса која потсеќа на воена униформа со високи потпетици облече синоќа Меланија Трамп во градината Роуз близу до Овалната канцеларија. Првата дама на САД го одржа својот најсериозен и најдолг говор досега, на Републиканската Национална конвенција.

Меланија Трамп понекогаш прави нетипични модни избори за прва дама, но секогаш успева да изгледа како модна икона.Независно од политиката на Трамп, неспорно е дека првата дама на Америка,  негува дамски, достоинствен и префинет имиџ.

Иако поради политичките гледишта на нејзиниот сопруг, беше опструирана од добар дел од светски познатите дизајнери, сепак таа изнајде формула како да се избори за својот статус на икона на стилот во модниот свет.Елеганцијата и грациозноста секогаш стојат како предзнак на нејзиниот стил, во кој речиси никогаш не можете да најдете мана. Како и синоќа.

Трамп беше повторно номиниран за републикански кандидат на претседателските избори на 3 ноември, на кои ќе му се спротивстави демократот Џо Бајден.

Новиот изглед на градината е дело на Меланија, во минималстички дух и пастелни бои, со ружи и со поскромни цвеќиња од претходната градина на Џеки Кенеди од 1962 година полна со лалиња и со живописни бои.

Локацијата на говорот на првата дама е само еден од начините на кои Републиканската национална конвенција ќе се пробие со политичките норми. Федералните правила забрануваат Белата куќа да биде локација за експлицитно политички настани, регулатива со која многу претседатели флертуваа со кршење.

Семејството Трамп ќе биде првото што ќе го искористи извршниот дом за политичка конвенција. Покрај обраќањето на првата дама, претседателот Доналд Трамп ќе го одржи својот говор во четврток навечер од тревникот „Јужен тревник“ на Белата куќа.