Ѓоковиќ по петти пат прогласен за најдобар спортист на светот – ја освои наградата „Лареус“


Мадрид – Шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се добитници на наградата Лауреус, таканаречените Оскари за најдобра спортистка и спортист во 2023 година.

Фудбалерките Ивана Андрес, лауреатката Бонмати и Салма Паралуело

Минатата година Бонмати беше избрана за најдобар играч во изборот на ФИФА, а беше прогласена и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство на кое Шпанија ја освои шампионската титула.

Новак Ѓоковиќ ја освои наградата Лауреус по петти пат во кариерата, откако минатата година освои три од четирите грен – слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на четвртиот (Вимблдон).

Спортистите за наградата Лауреус се номинирани од претставници на светските медиуми, а победниците ги избираат 69 членови на Светската спортска академија Лауреус. Наградата е основана во 2000 година.

-Почестен сум, голема чест ми е што сум дел од сето ова, нешто што вистински ги обединува светот и луѓето и што им покажува на младите дека се е можно и дека не е важно од каде си и која боја вашата кожа е. Спортот не обединува сите, изјави српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на гала свеченоста во Мадрид.

На овој начин се израмни со Роџер Федерер, четири пати најдобар беше Усеин Болт, а два пати најдобри беа Тајгер Вудс, Михаел Шумахер, Рафаел Надал и Лионел Меси. Наградата на Ѓоковиќ му ја врачи легендарниот НФЛ „квотербек“ Том Брејди.

„Нереално е што ми ја врачувате оваа награда. Ти си мојот спортски херој и пријател.Некој на кого се гледам не само во спортот, туку и во животот“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се осврна и на големиот број тенисери на свеченоста. Тука има и одлични тенисери – Рафа, Карлос, Мартина, Гарбиње… Ние сме индивидуален спорт, но ќе се согласиме дека сите наши успеси им ги должиме на нашите семејства и на нашите тимови“.

Сакам да испратам бакнеж до мојата сопруга, браќата, тимот, тие се најзаслужни за мојот успех“, заклучи Ѓоковиќ.

Со сопругата Јелена

Добитници на наградата Лауреус за 2023 година:

Спортистка на годината: Аитана Бонмати

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ

Тим на годината: Шпанска женска фудбалска репрезентација

Најголем напредок: Џуд Белингем

Повратничка на годината: Симон Белс

Најдобра спортистка со попреченост: Диде де Грот

Спортистка на година во акциски спортови: Ариса Трев

Награда за хуманитарна работа: Фондација Рафа Надал. 

Надал со сопругата
Тенисерот Борис Бекер
Поранешната романска гимнастичарка Надја Команечи
Актерот Енди Гарсија