Бонд убавицата Талита Сото се излечи од рак на дојка


САД- На поранешната Бонд убавица Талиса Сото и бил дијагностициран рак на дојка за време на пандемијата, откри нејзиниот сопруг, актерот Бенџамин Брат. Брат за прв пат јавно проговори за здравјето на неговата сопруга за време на гостувањето во шоуто Today во четвртокот, истакнувајќи дека актерката  од License to Kill  и Mortal Kombat моментално се смета за излечена од рак.

„Преку самопреглед и потоа со одење на преглед на мамограф, таа откри дека има рак на дојка“, сподели Брат (58).

Поранешната ѕвезда на „Закон и ред“ додаде дека Сото (54) се надева дека нејзиното искуство ќе ги потсети другите „дека е важно да се прегледувате годишно,и дека треба да се грижите за здравјето. Не само да јадете добро, туку и да одите кај лекар и да ги направите овие прегледи како дел од вашиот редовен живот“.

Актерот во новата мини-серија на HBO Max DMZ, Брат рече дека Сото добро реагирала на третманот, иако тие остануваат „претпазливи“. Случајот со неговата сопруга, исто така, го натерало Брат да биде попроактивен за сопственото здравје, вклучително и закажување на долго одложена колоноскопија.

„Лекот што го прима малку го потресува хормоналниот систем, но добрата вест е што беше откриено дека во овој момент таа не е болна од рак и се надеваме дека нема да се врати.”

Брат и Сото се венчаа во 2002 година, една година откако глумеа љубовници во биографскиот филм „Пинеро“ од 2001 година. Тој претходно беше во врска со актерката Џулија Робертс, додека бракот на Сото со актерот Костас Мендилор заврши во 2000 година. Двојката имадве деца, 19-годишната Софија и 16-годишниот Матео.