Бомба во училиште во Смедерево, евакуација


Во смедеревското основно училиште „Бранислав Нушиќ“, пронајдена е експлозивна направа, а веднаш е наредена евакуација на учениците и персоналот.

Полицијата врши контра-диверзионен преглед.

По налог на јавниот обвинител, учениците се веднаш евакуирани, а уште не се знае за каква бомба станува збор.

Бомбата наводно, ја нашол вработен во училиштето, во еден од училишните магацини. Полицијата го обезбедува училиштето.