Бомба уби дете во Москва

 

Дете на возраст од 14 години загина во експлозија на бомба од Втората светска војна во воено-патриотскиот центар недалеку од Москва, јави Тас.

Повикувајќи се на извор од Итната служба, агенцијата пренесува дека детето се обидело да ја раздели бомбата во детскиот воено-патриотски центар, кога направата експлодирала.

На детето му била оштетена артеријата и починало. Изворот додава дека детето било без надзор од возрасен.

Експлозијата не предизвикала штета ниту избил пожар.

Од прес-центарот на обвинителството се вели дека покрената е истрага поради немарно ракување со оружје.